СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ 11 години не направи ништо да ги задржи младите

Од:

11 години ВМРО-ДПМНЕ не само што ги игнорираше младите и нивните потреби, туку со криминалните политики го поттикнуваше масовно иселување на младите од државата, реагира СДСМ на прес-конференцијата на Јован Јаулески, Претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

„Поради криминалот на ВМРО ДПМНЕ и желбата фамилијата да приграби се што може, се празнеа селата и  градовите, училиштата а не се преземаше ништо да се спречи тоа.

Голготата на младите заврши со падот на режимот на Никола Груевски, кој се уште управува со оваа партија од Будимпешта. За разлика од таквиот однос на ВМРО-ДПМНЕ во последните две години Владата предводена од СДСМ презема и реализираа  низа мерки и проекти кои го
олеснуваат животот на младите.

Преку Гаранцијата за млади што годинава се спроведува на целата територија на државата илјадници млади имаат можност за доквалификација, платена пракса или вработување, а со проектот „Европска младинска картичка“  се намалуваат  трошоците за живот на младите за транспорт, едукација, култура и спортување.

Преку програмата Гаранција за млади, минатата година 1.839 млади се вработиле во период од само 4 месеци по нивното евидентирање како невработени лица.

Стапката на невработеност е падната на историски минимум од 17,8 отсто, а особено важен е фактот дека пад на невработеноста најмногу има кај младото население и кај нив невработеноста е намалена за околу 10 отсто.

Со реализација на Европската младинска картичка се очекува најмалку 30.000 млади да ја искористат можноста за намалени трошoци и попусти во над 300 субјекти од областа на  спортот, културата, превозот, угостителството и други дејности.

Владата предводена од СДСМ продолжува вистински да се грижи за младите преку проекти и политики со кои се подобрува младинскиот стандард, со цел младите да останат во државата и тука да градат иднина.“, се наведува во реакцијата на партијата.

Би можело да ве интересира

Арсовски бара јавно извинување од СДСМ и нагласува дека нема никаква поврзаност со фирмата „Дигитал оне“

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Девет милиони евра тендери за фирма со двајца вработени, отворена пред една година, објави СДСМ

Горан Наумовски

ФЕНИ е во целосен застој, работниците се оставени на цедило-пропаднаа ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од СДСМ

СДСМ: Гордана Јанкуловска, која денес се претставува како жртва, беше дел од системот што години наназад ги кршеше човековите права

(ВИДЕО) Димитриевски: На владина седница е донесена одлука за финансиска поддршка не за лозарите, туку за винариите

Филипче: СДСМ ја постави борбата против родово-базираното насилство како државен приоритет

Горан Наумовски