Израел денеска успешно тестираше унапредена балистичка пресретнувачка ракета, соопшти израелското Министерство за одбрана.
Ракетите „Ероу 3“ (Стрела), чија изработка ја поддржаа САД имаат за цел да соборуваат ракети на височина доволна за безбедно распаѓање на боевите глави. Пентагон и американската компанија „Боинг“ беа партнери во изградбата на оваа ракета.
Денешната проба не вклучи ниту една цел, туку беше тестиран само летот на ракетата, се додава во соопштението.
Ракетите „Стрела“ се наменети за лансирање во водух, каде боевите глави се одвојуваат и се претвораат во т.н. камикази сателити, кои потоа трагат по целите и ги погодуваат.