НБА лига: Лејкерси го добија Далас и го бркаат плеј офот

Од:

Тимот на Лос Анџелес Лејкерс полека се доближува до осмата позиција која носи место во плеј-офот, откако синоќа успеа да слави победа над еден од директните конкуренти, екипата на Далас на негов терен.

Најефикасен на натпреварот беше Коби Брајант, кој постигна 38 поени и без промашување во последниот период (5-5). Воедно на овој натпревар тој ја мина и бројката од 31.000 поени во НБА  лигата. Одлична помош имаше и од ветеранот Стив Неш, кој оваа сезона „запиша“ рекордни 20 поени и погоди „тројка“ во клучниот моменти. Кај поразениот тим Дирк Новицки беше стрелец на 30 поени.

На натпреварите синоќа, 40.та победа (11 во серија) ја постигна Мајами.

Резултати на синоќа одиграните НБА натпревари: Далас – Лос Анџелес Лејкрес  99:103, Минесота – Голден Стејт 99:100, Мајами – Кливленд 109:105, Њу Орлеанс – Сакраменто 110:95, Бруклин – Мемфис 72:76, Њујорк – Филаделфија 99:93, Феникс – Сан Антонио 87:97, Портланд – Бостон 92:86 и Оклахома Сити – Чикаго 102:72.

Вечерва се играат четири натпревари: Торонто – Вашингтон, Детроит – Атланта, Денвер – Лос Анџелес Лејкерс и Јута – Бостон.

Пласман Источна конференција: Мајами 40-14 (победи-порази), Индијана 35-21, Њујорк 33-20, Бруклин 33-24, Атланта 31-23,…

Пласман Западна конференција: Сан Антонио 45-13, Оклахома Сити 41-15, Лос Анџелес Клиперс 40-18, Мемфис 37-18, Денвер 35-22,…

Би можело да ве интересира

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on

НБА: Денвер ја победи Минесота и израмни на 2:2 во полуфиналната серија на Западот

Познати се тројцата полуфиналисти на Истокот во плејофот во НБА лигата

А1он