Морси ја повика опозицијата на дијалог за претстојните избори

Од:

Египетскиот исламистички претседател Мохамед Морси ги повика политичките сили на дијалог, со цел да се обезбедат услови за фер и транспарентност на претстојните парламентарните избори.

Тој ги отфрли обвинувањата на опозицијата дека одржувањето на изборите во април е нелогично во услови на бранот од протести и насилство.

– Според мене климата е многу поволна за избори, истакна претседателот.

Претходно, опозицискиот лидер Мохамед ел Барадеј предупреди дека изборите во април ќе го однесат Египет во хаос.

Барадеј во саботата повика за бојкот на парламентарните избори поради можноста тие да бидат фалсификувани и бидејќи продолжуваат малтретирањата, киднапирањата и има недостиг на социјална правда.

– Да се бараат избори во овие услови може да ја доведе земјата во целосен хаос и нестабилност, нагласи Барадеј во интервју за Би-Би-Си.

Претседателот Морси за 22 април распиша избори за Долниот дом на Парламентот, кој беше распуштен во јуни минатата година со одлука на Уставниот суд.

Би можело да ве интересира

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет

Железничка несреќа во Египет, има загинати и повредени

Египет упати апел до своите авиокомпаниите: Избегнувајте го воздушниот простор на Иран утре наутро

Египет бара формирање независна држава Палестина