Поповска: На Македонија и треба датум за да нема политичка криза и дестабилизација

Од:

Пратеничката од ДОМ, Лилјана Поповска, ги демантира, како што вели, спиновите што биле претставени во јавноста деновиве, додека таа била на службен престој во Белград, на Зелен економски конгрес.

„На средба со парламентарци од Хрватска ги замолив хрватските колеги да и помогнат на Македонија за добивање датум за преговори во јуни и да ја објаснат македонската состојба пред колегите од ЕУ. Како блиска земја од регионот може полесно да ги разберат нашите фрустрации со долгогодишното чекање пред вратите на ЕУ, кога дебатите на оваа тема се претворија во мантра. Како пратеници направивме огромна жртва, за да не остане Македонија заборавена, откако целата меѓународна заедница застана зад Договорот од Преспа, како последен услов за нашите евроинтеграции. Истакнав дека евентуалното недобивање датум, ќе биде огромно разочарување за сите граѓани, а голема е веројатноста да дојде до политичка криза, подем на национализмот и дестабилизација внатре во земјата и во регионот, имајќи го предвид регионалниот контекст“, кажува Поповска.

„Емоции во обраќањето имаше, зашто сум искрено загрижена за иднината на Македонија, но не знам кој видел да се леат солзи??“, вели Поповска, додавајќи дека нејзиниот исказ е во духот на сите нејзини досегашни изјави и ставови по ова прашање.

Би можело да ве интересира

ДОМ: Фемицидот во Велес е резултат на институционален колапс – бараме одговорност и системски промени

Европската зелена партија со силна поддршка за ДОМ: Чист воздух и безбедно управување со отпадот се итна потреба за граѓаните

ДОМ: Самоуништување на природата – Дошница жртва на владината неодговорност

ДОМ: Ние нема да дозволиме демократијата да се замени со партиски калкулации, ниту волјата на граѓаните со „повереници“

Горан Наумовски

ДОМ: Ние сме за зелена Македонија, а не за рудници кои се штетни за сите

Горан Наумовски

ДОМ: Ни претстои сериозна борба против корупцијата пред сите млади да си заминат!