Иран отфрли можност за нови нуклеарни преговори

Од:

Иран денеска ја отфрли идејата за нови преговори за својата нуклеарна програма, која ја изнесе францускиот претседател Емануел Макрон.

За време на вчерашниот состанок со американскиот претседател Доналд Трамп, Макрон рече дека „би требало да се отворат нови преговори” со Техеран за да се обезбеди „мир во регионот”.

– Отворањето прашања кои не спаѓаат во нуклеарниот договор не придонесува за зачувување на нуклеарниот договор, туку, напротив, ќе ја зголеми недовербата на потписниците, изјави портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Абас Мусави.

Според него, европските земји потписнички, Франција, Германија и Велика Британија, „не се способни да ги исполнат своите обврски”.

Овие три земји повикуваат на одржување на договорот и покрај повлекувањето на Вашингтон. САД еднострано се повлекоа од тој договор во мај 2018 година.

Техеран се согласи да ја ограничи својата нуклеарна програма и се обврза никогаш да не направи атомска бомба во замена за укинување на економските санкции.

Би можело да ве интересира

Иран попушти: „Ќе преговараме со главниот непријател“

Хегсет за преместувањето на американските бомбардери на Блискиот Исток: Иран нека сфати каква е пораката

САД воведоа нови санкции кон Иран

Иран го отфрли директниот дијалог со САД: Не ја гледаме поентата

Иран: 838 учесници во сообраќајот загинаа за време на празничната сезона

Иран: Америка не само што не понижува нас, туку и целиот свет