[staff name=”Јасна Атанасова” position=”Автор”][/staff]
Францускиот фоторепортер, Оливие Висин, почина откако во четвртокот беше тешко ранет во Сирија.
Портпаролот на француското Министерство за надворешни работи Кеј Д‘Орцеј ја потврди смртта, ноќта меѓу сабота и недела, без да изнесе повеќе детали.
Висин имаше тешки повреди во главата и десната рака од експлозија на граната минатата недела додека известуваше за активностите на една вооружена група на сириската опозиција во Идлиб, северна Сирија.
Тој беше пренесен во меѓународната болница во Антакја во Истанбул, а неговата здравствена состојба беше критична и по извршената хируршка интервенција.