МВР: Приведени четворица полски навивачи

Од:

Неколку навивачи на Полска се приведени вчеравечер во центарот на Скопје, откако меѓусебно се степаа во едно кафуле. Македонската полиција екпресно реагираше и за кусо време го реши инцидентот.

„Вчера во 20:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во угостителски објект на Плоштад „Македонија” бил нарушен јавниот ред и мир од полски навивачи кои се дојдени да го следат фудбалскиот натпревар помеѓу нашата и репрезентацијата на Полска. Полициски службеници излегле на местото и во Полициската станица Центар биле приведени лицата П.М.Б.(30), П.В.(38), K.K.(26) и С.В.Б.(40), сите државјани на Република Полска, за понатамошна постапка“, соопштуваат од МВР.

Според очевидци, распрвата прво била вербална, а потоа дошло и до физичка пресметка помемеѓу навивачите кои се наоѓаат во Скопје во очекување на вечерашниот квалификациски дуел за ЕВРО 2020 на нивната со македонската фудбалска репрезентација.

Би можело да ве интересира

Приведени 15 лица поради безобѕирно управување моторно возило, петмина малолетници

За пет часа полицијата уапси 13 моторџии – одземени се пет мотоцикли

А1он

МВР предупредува за нов бран измамнички СМС пораки од „Безбеден град“

А1он

МВР го најде во Скопје Цуната кој и избега на полицијата во Кочани преку прозорец

Катерина Ѓуровски

Распишана е меѓународна потерница по кочанчанецот кој побегна од полициска станица

А1он

Син уби татко во Скопје

А1он