Мастеркард ја откажа соработката со Нејмар по обвинувањата за силување

Од:

Мастеркард ја откажа рекламната кампања со фудбалската ѕвезда Нејмар откако жена го обвини дека ја силувал во хотел во Париз, објави денеска бразилскиот дневен весник О Естадо де Сао Пауло.

Мастеркард во соопштение вели дека ја суспендира соработката со Нејмар се додека „ситуацијата не се расчисти“.

Нејмар ги отфрли обвиненија за силување и тврди дека жената се обидува да изнуди пари од него. Таа вчера на бразилската телевизија изјави дека фудбалерот ја силувал.

Во полицискиот извештај се вели дека жена го обвинува Нејмар (27) дека ја силувал во хотел во Париз минатиот месец.

Би можело да ве интересира

Нејмар за еден допир со топката заработува 306.000 евра

А1он

(ВИДЕО) Нејмар во солзи: „Се враќам!“

А1он

Нејмар нападнат од навивачите поради неговиот изглед, по повеќемесечна пауза се врати на терените

Обид да му го киднапираат новороденчето на Нејмар, вооружени напаѓачи ги врзале родителите на неговата поранешна девојка

Нејмар пристигна, принцот му испрати авион со златен трон

Предраг Петровиќ

Нејмар доби 320 милиони евра, заминува од ПСЖ

Предраг Петровиќ