Советот на ЕУ денеска ја задолжи Европската комисија да преговара со Вашингтон за брз пристап до електронски докази во истрагите за кривичните дела.
ЕУ очекува да биде во можност да пристапи до пораки и други податоци, складирани во облак, како и податоци од американските провајдери во рок од 10 дена по поднесувањето
барање.
Засега таквиот пристап се дава на европските истражни органи само на доброволна основа и тоа за околу 10 месеци, се забележува во соопштението на Советот на ЕУ. Советот очекува ЕК да почне со преговорите наскоро.