Тајван купува американско оружје за две милијарди долари

Од:

Тајван денеска потврди дека има намера да купи американски тенкови и преносни ракетни системи во вкупна вредност од две милијарди долари, кои треба да го заменат нивното застарено оружје јави ДПА.

Тајванското Министерството за одбрана официјално побара 108 тенкови M1A1 Абрамс, над 1600 противтенковски ракети како и 250 преносни ракетни системи „Стингер”, се вели во соопштението на министерството.

Пекинг веднаш изрази сериозна загриженост во врска со најавените планови. Вашингтон, кој во 1979 година го призна Тајван како дел од Народна Република Кина, останува неговиот највлијателен сојузник и главен продавач на оружје.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија