Хоџа: Продолжуваат консултациите за смените на министри и функционери

Од:

Владиниот портпарол Мухамед Хоџа вели дека разговорите помеѓу премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев и останатите политички партии кои ја сочинуваат Владата ги продолжуваат разговорите во врска со најавената реконструкција, односно смена на функционери и министри. Очекува разговорите да завршат наредните денови по што, како што рече, ќе се знае нивната одлука.

-Консултатциите и разговорите за евентуална владина реконструкција продолжуваат меѓу политичките партии. Тие веќе комуницираат со медиумите и јавноста веќе е информирана до каде е процедурата до каде се преговорите за смени во првиот, вториот третиот ешалон во Владата. Засега официјално нема одлука за која може да биде информирана јавноста. Очекуваме овие денови да завршат преговорите меѓу политичките партии што ја сочинуваат коалиција и дали како предлог ќе биде поднесен до Собранието на Република Северна Македонија, рече на денешната редовна прес-конференција владиниот портпарол Мухамед Хоџа.

Додаде дека нивната одлука е последна и тие ќе кажат дали до Собранието на Северна Македонија ќе поднесат предлог за смени во Владата или дали, како што рече, ако евентуално нема предлог до Собранието ќе има гласање за доверба за Владата.

Би можело да ве интересира

ПР-службата на Владата не е таа што одлучува кои новинарски прашања заслужуваат одговор, реагира Синдикатот на новинарите

ДУИ: Владата ја турка државата кон нов бран поскапувања

Дрски и безобразни лаги, Владата ги демантира обвинувањата од СДСМ за набавка на водата за Гостивар

СДСМ: Голема грижа за граѓаните на Гостивар – бизнис зделка од 100.000 евра на Мицкоски и ВМРО со вода

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот е инвестиција во иднината

Пратениците не изгласаа недоверба на српската Влада

Горан Наумовски