Србија: Земјоделци распуваат млеко во знак на протест

Од:

Неколку стотици граѓани протестираа денес пред зградата на владата во Војводина, при што расипаа неколку литри млеко, посочувајќи дека покраинската влада е главен виновник за аферата.

Тие изјавија дека зад протестот не стои никој, туку спонтано и неофицијално се собрале.

Организацијата која се претстави како Асоцијација на производители на млеко во Војводина вчера ги повика граѓаните на протест.

Од тоа се огради Централната асоцијација на призводители на млекото во Војводија, која наводно организаторите на протестот ги нарекла „фантомска“ организација.

Некои од присутните граѓани изјавија дека на протестот дошле по повик од локалниот одбор на Српската напредна партија.

Граѓаните истакнаа дека дошле за да го заштитат своето производство и ја обвинија владата на Војводина дека со своите изјави нанела големи штети на примарните произведувачи.

Тие не уништија со своите изјави. Моите крави се здрави, како и сите српски – изјави Милован Тривуновиќ.

Секретарот за земјоделство во Војводина, Горан Јешиќ истакна дека власта ќе направи се, за да им помогне на малите произведувачи.

Тој додаде дека владата не е причина за проблемот и ги повика произведувачите на разговор.

Би можело да ве интересира

Нов земјотрес во Србија

Вучиќ за трагедијата во Нови Сад: Сигурен сум дека надлежните органи ќе утврдат кој е кривично одговорен

Гујон: Мора да се најдат виновниците за падот на настрешницата во Нови Сад

Горан Наумовски

Туркулов: Повредените oд несреќата во Нови Сад се уште се во животна опасност

Горан Наумовски

ВИДЕО: Втората снимка од несреќата во Нови Сад покажува важен детал кој не беше познат досега

Катерина Ѓуровски

Дачиќ: Завршена спасувачката акција во Нови Сад, 14 загинати и тројца повредени