Продолжува реконструкцијата на училиштата

Од:

Учебната 2013/2014 година реконструирани ќе ја почнат 136 училишта од 51 општина на целата територија на Македонија, што ќе ги подобри условите за настава за 110.000 ученици.

Министерството за образование и наука соопшти дека го продолжува Проектот за реконструкција на средни и основни училишта, со средства од државниот буџет и со заем од Банката за развој при Советот на Европа, која за целосно реновирање на десет основни училишта одобри грант од 2 милиони евра и 1 милион евра за реновирање на шест средни училишта.

Проектот опфаќа обнова на покривите на училишните згради, прозорците, санитарните јазли и подовите и инсталација на топловодно греење.

– Се очекува веднаш по успешно спроведување на јавните набавки и потпишувањето на договорите со изведувачите и надзорот да се отпочне со градежните работи, а реконструираните основни и средни училишта да бидат комплетно подготвени за почетокот на новата учебна 2013/2014 година, соопшти Министерството за образование и наука.

Би можело да ве интересира

Јаневска: Напредувањата во звања мора да се темелат на квалитет

Заменик министерот за образование поднесе неотповиклива оставка

Горан Наумовски

Мицкоски: Mоите колеги кои ќе сакаат да градат академска кариера ќе треба малку повеќе да пишуваат научно-истражувачки трудови

Владата дава еден месец попуст од 10 до 15 отсто за моливи, боици, ранци, тетратки…

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Ангелковска: ВМРО-ДПМНЕ системски го партизира и образованието, постоечките образовни асистенти заменети со нови партиски кадри

Донесовме одлука за етапно покачување на платите на наставниците во период од четири години, вели Јаневска