Концерт на Македонски брас квинтет во Берово

Од:

Во рамки на програмата за култура, што ја реализира Општина Берово во соработка со Домот на културата ,,Димитар Беровски”, синоќа во Музејот во Берово се одржа концерт на класична музика на Македонски брас квинтет.

Настапија младите уметници Димче Белчовски на тромбон, Драган Младеновски и Александар Златески на труба, Антонио Костевски на хорна и Александар Ниниќ на туба.

– Ваквите концерти го подигнуваат културното ниво во општината и даваат силен придонес во негувањето на културните вредности, истакна градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски.

Публиката имаше можност да ги слушне делата на Џ.Гершвин, Ј. Блејк, Ц.Робертс, С.Компанек, Б. Хауард и други композитори.

Од Домот на култура најавија слични настани и во наредниот период.

Би можело да ве интересира

Дваесет и втор Меѓународен натпревар на млади музичари „Охридски бисери“

Ана Ололовска

Концерти на воените оркестри од армиите на С. Македонија и на САД за Европа и Африка

Ана Ололовска

Концерт на духовна музика на хрватскиот тенор Стијепо Глеѓ Маркос

Ана Ололовска

Музичка младина на Македонија го почнува циклусот концерти „Слободна среда“

Ана Ололовска

Концерт на „Профундис“ И „13 Гудачи“ заедно со светски познатата Ирина Муресану

Ана Ололовска

Концерт на Македонски брас квартет во КИЦ на РСМ во Софија

Ана Ололовска