Османи: Направивме големи чекори кон стратешката цел

Од:

Северна Македонија направи големи чекори кон стратешката цел. Земјата ја покажа својата решителност да ја унапреди реформската агенда на ЕУ и има испорачано конкретни и одржливи резултати, оцени вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи на регионалната конференција „Проширувањето на Европската унија на крстопат“ на Подгоричкиот клуб, што се одржува денеска во Скопје.

Се што добивме, се што постигнавме, вклучувајќи ја и овогодишната чиста препорака на Комисијата за почеток на преговорите, како што потенцира Османи, не е подарок, моравме да го заслужиме секој збор во овој Извештај и да убедиме многу експерти од Комисијата.

Вицепремиерот оцени дека 2019 е клучна година за ЕУ, измерено со сите параметри, а клучна е, наведе, и за сите нас, за сите земји од Западен Балкан. Историскиот успех од 2018 ја подготви сцената за уште поуспешена 2019 година. Со финализирање на членството во НАТО и отпочнување на пристапните преговори и по скоро 28 години независност конечно е возможно исполнување на стратешките цели, рече Османи.

Тој оцени дека проширувањето на Европската Унија како процес на градењето на мирот претставува успешен проект. Предизвикот сега, посочи, е како да се оди напред, во услови на нови економски, технолошки, демографски и безбедносни предизвици во еден променлив геополитички контекст.

ЕУ, рече Османи, се наоѓа пред своите предизвици, а самиот исход на изборите за Европскиот Парламенет создадоа посложена политичка перспектива. Процесот на назначување нов сет на лидери во сите институционални структури, само што започна, со сите непредвидливости во него. Брегзит ќе има неизбежно влијание, големо влијание, особено при немање договор, а тоа ќе ја отежнува и новата финансиска перспектива.

– Ставот на Комисијата по однос на напредокот на регионот во процесот на интеграцијата, на објективен начин го одразува она што го направиме и постигнавме. Оценката на Комисијата е дека Северна Македонија и Албанија ја прифатија шанската и ги испорачаа реформите. Црна Гора и Србија треба да дејствуваат со голема решителност да ги зголемат нивните напори во критичните области. Босна и Херцеговина се соочува со многу структирни предизвици, а Косово треба да го стави политичкиот фокус на напредокот кон својот европски пат. За Комисијата Турција останува клучен партнер на ЕУ во неколку области од заеднички интерес, нагласи Османи.

По неколку децениски конфликти регионот повторно е стабилен и владее мир, а наша задача, потенцираше, е да направиме мирот и стабилноста да останат одржливи. Интеграција преку почитување на различноста ја претставува основата за одржлив мир и просперитет. Помирувањето и градењето доверба се предуслови за успешна интеграција, а интеграција што обезбедува економски просперитет и гаранција за одржлив мир.

Би можело да ве интересира

Течниот нафтен гас намален за пет денари за литар

Катерина Ѓуровски

Продолжува мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати, Владата очекува намалување на малопродажните цени

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

За две години вработените во државните институции ќе имаат за 40 отсто повисока плата, колективниот договор помина на владина седница

Мицкоски најави реконструкција на Владата во мај или јуни

Горан Наумовски

Владината прес-служба тврди: Лажна вест е тврдењето на СДСМ дека семејството на премиерот Мицкоски патувало до Хрватска со владиниот авион

Горан Наумовски