Екпата на Мајами влегува во шампионска форма, откако ноќеска ја постигнаа и 10.та победа во серија совладувајќи ја Филаделфија.
Најефикасен на натореварот беше Двејн Вејд со 33 поени, но одличен учинок имаше и Леброн Џејмс – 16 поени, 11 асистенции и 10 скокови шт е негов 35.ти „трипл-дабл“ во кариерата.
До 40.та победа сезонава стигнаа и кошаркарите на Лос Анџелес Клиперс кои дома ја совладаа екипата на Јута.
Преглед на резултатите одиграни ноќеска: Вашингтон – Хјустон 105:103, Шарлот – Денвер 99:113, Орландо – Кливленд 94:118, Филаделфија – Мајами 90:114, Детроит – Индијана 72:90, Милвоки – Атланта 102:103 и Лос Анџелес Клиперс – Јута 107:94.
Вечерва се играат следните натпревари: Далас – Лос Анџелес Лејкрес , Минесота – Голден Стејт, Мајами – Кливленд, Њу Орлеанс – Сакраменто, Бруклин – Мемфис, Њујорк – Филаделфија, Феникс – Сан Антонио, Портланд – Бостон и Оклахома Сити – Чикаго.
Пласман Источна конференција: Мајами 39-14 (победи-порази), Индијана 35-21, Њујорк 32-20, Бруклин 33-23, Чикаго 32-23,…
Пласман Западна конференција: Сан Антонио 44-13, Оклахома Сити 40-15, Лос Анџелес Клиперс 40-18, Мемфис 36-18, Денвер 35-22,…