Се испушта вода од Слатинско Езеро, нема опасност од поплави

Од:

Нема промена во состојбата на браната на Слатинското Езеро каде од вчера попладне поради попуштање има зголемено истекување вода од акумулацијата. За да се намали нивото и притисокот на водата, во текот на ноќта бил отворен испусниот вентил на езерото.

Портпаролот на Центарот за управување со кризи Надица В’чкова изјави дека состојбата се следи и дека нема опасност од поплава што би го загрозила животот на жителите околу браната.

Таму има две куќи и луѓето биле известени дека можат привремено да се евакуираат. Тие ја
следат состојбата заедно со екипите на Дирекцијата за заштита и спасување, Регионалниот центар за управување со кризи Охрид, МВР и водостопанството „Охридско Езеро“.

Браната на Слатинско Езеро е земјена и била претходно оштетена. Истекот на водата од Слатинското Езеро низводно оди преку Слатински Чифлик и Издеглавско Поле се до реката Сатеска, и на тој потег нема населени места што директно се изложени на опасност од поплавување.

Би можело да ве интересира

(ФОТО) АМАН: Фронтот се шири, со масовност до конкретни резултати

Емир Латифовиќ

Се запали брод на Охридското Езеро, пожарот локализиран

Емир Латифовиќ

(ВИДЕО) ЛДП: Да ја потсетиме министерката, изборниот фалсификат не застарува

Емир Латифовиќ

Гнев кај фудбалерите: Белгијците ни денеска не дозволија да тренираме на стадионот во Брисел

Емир Латифовиќ

ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ си „стокмија“ и изгласаа Деловник по свој терк

Емир Латифовиќ