Морси размислува за промена на датумот на изборите

Од:

Египетската Влада размислува за промена на датумот за престојните парламентарни избори по барањето на коптските христијани во земјата.

Претседателот на Горниот дом на Парламентот Ахмед Фами изјави пред пратениците дека претседателот Мухамед Морси одговорил на барањето и наскоро ќе го соопшти новиот датум за изборите. Но тој не објасни ни кога ќе биде соопштен датумот ни за колку време ќе биде одложувањето на изборите, јави Радио Слободна Европа.

Причините за барањето за промена на датумот за одржување на парламентаните избори е совпаѓањето на четвртиот круг на изборите со велигденскиот празник според коптскиот календар. Станува збор за датумите 27 април и 5 мај.

Во меѓувреме лидерот на опозицијата Мухамед ел Барадеј повика на бојкот на гласањето.

Би можело да ве интересира

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет

Железничка несреќа во Египет, има загинати и повредени

Египет упати апел до своите авиокомпаниите: Избегнувајте го воздушниот простор на Иран утре наутро

Египет бара формирање независна држава Палестина