(ВИДЕО) Столтенберг: Имате кредибилни институции, ве чекаме во НАТО

Од:

„Имате кредибилни институции кои можат да работат заедно со институциите на другите земји членки на НАТО“, порача генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг кој ги пофали досега спроведените реформи во Македонија, посебно од областа на безбедноста и одбраната.

Столтенберг, во своето излагање пред почетокот на разговорите за процесот на пристапување на земјава во НАТО, рече: „Подготвени сме да ве пречекаме во семјството на НАТО. Ви честитаме за покажаното идерство и политичка храбост и визија во решавањето на споровите со соседите. Република Северна Македонија веќе има свое столче во НАТО. Месецов уште еднаш министерката за одбрана Радмила Шекеринска ќе присуствува на состанок на министри за одбрана во НАТО. Очекуваме по ратификацијата кај сите земји членки на НАТО да станете 30-та членка на Алијансата“.

Тој додаде дека во иднина треба да останеме посветени на зголемување на буџетот за одбраната. Спред него, од потпишувањето на договорот во февруари веќе се чувствува економско раздвижување и зголемување на инвестициите.

Маја Илиевска-Пачемска

Би можело да ве интересира

Италијански војници по грешка пукаа во свои, има тешко повредени

Полска предупредува на руска ескалација, НАТО вели армијата и оружјето се подготвени

(ВИДЕО) Фицо: Нема да војуваме поради некаков „член 5“

Борбен авион на НАТО собори дрон над Литванија

Медведев: „Русија може да го погоди Киев и НАТО, да остане само нуклеарна прашина“

НАТО ја повика ЕУ да го зголеми притисокот врз Русија и поддршката за Украина