СДСМ: Понудата на ВМРО-ДПМНЕ е враќање во мрачното минато на политички прогони

Од:

ВМРО ДПМНЕ ревносно продолжува по стапките и политиките на Никола Груевски, ширејќи омраза, црнила и закани. Нивната визија и политичка понуда е враќање на мрачното минато кога имаше политички прогони, кога бевме скарани со сите соседи и кога бевме блокирани во ЕУ и НАТО, вели СДСМ преку соопштение.

„Знаеме како ваквите закани во минатото ги чувствуваа Кежаровски, Љубе Бошковски, Ване Цветанов и многумина други жртви на режимот. 

Граѓаните не се плашат повеќе од репресијата на ВМРО ДПМНЕ и нивниот почесен претседател од Будимпешта, осуден криминалец. Граѓаните и државата одлучно и храбро решија  да одат напред!  Им кажаа НЕ на таквите  политики.

Ниту една закана на Николоски не може да го ослободи ВМРО од сите злодела сторени во мрачните 11 години на нивниот режим кој граѓаните го испратија во мрачната историја на повеќе избори во изминатите три години.

Денес, за само две години, одиме напред, станавме политички стабилни, „светол пример“ во целиот регион, го заземаме нашето место во НАТО, имаме рекордно ниво на странски директни инвестиции, платите растат, земјава се развива. 

Враќање назад во мрачното минато нема. Заедно учествуваме во градењето на современа, европска држава Република Северна Македонија составен дел од големата сцена на демократскиот свет, дел од ЕУ и НАТО!“, е наведено во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски панично ја брани банката на Вучиќ, сака да се заташка случајот

Во ВМРО-ДПМНЕ на Извршен заклучле дека СДСМ сака да ја сруши Алта банка

(ВИДЕО) Жерновски: Кривични пријави против СДСМ за ширење паника кај Мицкоски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Од Мицкоски до Славески – сите инволвирани во Алта банка мора да одговараат!

Филипче: СДСМ поднесува кривични пријави за Алта банка, бандата ќе одговара

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните