ОИС: Не прифаќаме промени на статусот на Голанска висорамнина

Од:

Организацијата за исламска соработка (ОИС) соопшти дека нема да прифати ниту една одлука која ќе го промени правниот и демографскиот статус на сириската Голанска висорамнија, особено одлуката на САД да го признае суверенитетот на Израел над таа окупирана територија.

На самитот во Мека, ОИС ги осуди и активностите на Иран во регионот.

– Нападите со дронови на нафтените станици во Саудиска Арабија, што ги извршија групи со поддршка од Иран, не само што ја загрозуваат безбедноста на Саудиска Арабија и Заливот, туку се закана и за поморската безбедност и глобалните нафтени резерви, изјави саудискиот крал Салман.

Организацијата ги осуди и „саботажните операции“ против четири брода во територијалните води на Обединетите Арапски Емирати. Како што се наведува во соопштението, тие напади ја загрозиле меѓународната безбедност на поморскиот сообраќај.

Салман истакна дека прашањето на Палестина е клучен проблем на Организацијата и додаде дека Саудиска Арабија нема да признае никакви мерки кои се однесуваат на историската и правната позиција на Источен Ерусалим.

Во соопштението се наведува дека ОИС е загрижена и поради порастот на исламофобијата во многу делови од светот.

Организацијата ја опишува исламофобијата како „модерна форма на расизам и верска дискриминација“, која продолжува да расте низ целиот свет.

Изразена е загриженост и поради „нехуманите ситуации во кои се наоѓаат Рохинџите муслимани во Мјанмар“.

На самитот во Мека, Организацијата за исламска соработка собра 57 држави од Африка, Азија и од Блискиот Исток.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Израелски напад во центарот на Бејрут, четворица мртви и десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Трудо: Канада ќе ја почитува пресудата на Меѓународниот кривичен суд за Нетанјаху, Галант и Ал Масри

Бејрут и денеска е цел на израелската армија

ОН: Израелските доселеници протераа повеќе од 1.720 Палестинци од Западниот Брег

Бајден: Издавањето налог за апсење на израелски лидер е срамота

Горан Наумовски

Најмалку 47 лица загинаа, а 22 се ранети во израелски напад врз Балбек-Хермел во Либан