СДСМ: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се ставаат во заштита на насилниците и осомничените организатори на насилството од 27 април

Од:

Наместо да повика на одговорност, правда и правичност Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се ставаат во заштита на насилниците и осомничените организатори на насилството од 27 април, вели СДСМ преку соопштение.

„Исто како неговиот ментор, Никола Груевски, и Христијан Мицкоски го брани насилството на 27 април. Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да се помират дека правда мора да има, дека бруталниот упад во Собранието од 27 април кога се случи обид за убиство на пратеници и државен удар, мора да се расчисти до крај.

За основаноста на било кое обвинение не одлучува ВМРО-ДПМНЕ туку надлежни судски органи и опозициската партија треба да ги остави институциите да го расчистат случајот а сите инволвирани да се соочат со одговорноста.

Особено што искази на осомничени за случајот и јавно достапни информации покажаа дека токму во луксузниот дворец, „на осмиот спрат“ во седиштето на криминалната ВМРО-ДПМНЕ се кооридинирале активности за бруталниот упад во Собранието на 27 април. Кои и да се нивните имиња, каква и да е поврзаноста, нарачателите и извршителите на насилството од 27 април мора да сносат одговорност согласно законите, низ соодветна транспарентна судска постапка.“, е наведено во соопштението на партијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Штерјова: Бизнисот цвета – нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма

А1он

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ

СДСМ: Обвинителство мора да отвори истрага за лотото на Мицкоски и трошењето 5,5 милиони евра