Мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопес Обрадор повика на дијалог после најавата на американскиот претседател Доналд Трамп за нови царини за мексикански стоки со кои сака да изврши притисок врз латино – американската земја да вложи повеќе напори за да ја спречи илегалната миграција кон САД .
Во писмо упатено до неговиот американски колега, Обрадор вели дека бара дијалог, а не конфронтација со неговиот северен сосед, објаснувајќи дека социјалните прашања поради кои се иселуваат мигрантите во САД „не можат да се решат со царини или принудни мерки“.
– И ве молам, запомнете дека не ми недостасува храброст, дека не се однесувам кукавички, ниту се плашам, туку дејствувам според принципи. Ништо со сила, се со причина и според закон, истакна мексиканскиот претседател.