А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Видео Македонија

(ВИДЕО) Милошоски до Заев: Ружин има фирма за гуми, Зафировски е без биографија, дали се ова доволни критеруми за советници?

by А1он30/05/2019 - 13:3231/05/2019 - 11:43901
Share0

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски на седницата за пратенички прашања, побара одговор од Премиерот Зоран Заев под кои критериуми ги поставил за свои советници Александар Ружин и Љупчо Зафировски.

Добивај вести на вибер

Милошоски нагласи дека за Зафировски јавноста не знае ништо, односно нема податоци за неговата биографија и е во дилема како го поставил ваков човек на позиција за олеснување на европската интеграција.

„По што сте се воделе да го поставите Александар Ружин за ваш советник за економска и културна соработка, со Белгија, Холандија и Франција, се уште не ни е јасно. Во неговата биографија стои дека бил сопственик на фирма за гуми, но дали е тоа доволен услов тој да донесе инвеститори од овие земји ќе треба да ни објасните на што се темелат неговите заслуги да прима по 50.000 денари од парите на граѓаните. Особено ме интересира како сте го назначиле Љупчо Зафировски, советник и кој е тој човек за кого јавноста не знае ништо, а ќе зема 75.000 денари месечно? Кои се неговите заслуги, со кого се сретнал ви доставува ли извештаи, каков е исходот од неговата работа“, праша Милошоски.

Премиерот Зоран Заев од собраниска говорница, кажа дека двајцата негови советници биле образовани млади луѓе, на кои требало да им се даде шанса кои со своите капацитети ќе помогнеле за напредок на државата.

„Александар Ружин е млад човек добро образуван и заслужува шанса. Веќе има резултати од неговата работа, има разговарано со инвеститори од Франција во делот на екологијата, со фирмата Јоли со чија помош планираме да почнеме проект за пречистителна станица. Имал контакти и со фирми од областа на здравството и очекувам тој да биде олеснувач и да помогне фирми од земји да инвестираат тука. Зафировски пак доаѓа од приватниот сектор, а него го поставив затоа што има добри дипломатски врски до кабинетот со Макрон. Тој може да помогне во олеснување на процесите, а платата му е повиска затоа што има повисоки трошоци, Франција е поскапа земја за живот и од кабинетот затоа ја издвоиле ова сума за негов ангажман“, одговори Заев.

Пратеникот Милошоски рече дека не е задоволен од одговорот и посочи дека луѓето што ги избрал се блиски до него , а не поради нивните професионални портфолија.

„Александар Ружин го знаеме како син на Нано Ружин, кој пак во улога на експерт се појавува на телевизии и ве фали како сте вие добар и покажувате резултати. За да му се одолжите за услугата го ставте син му за советник. Ако е толку блисок Зафировски со Макрон, каде се тие резултати, дај да видиме извештаи од неговата работа. Ако навистина ви била намерата за доброто на државата, сте можеле да ја ангажирате поранешната министерка Илинка Митрева, која навистина има конекции и богата дипломатска кариера“, заклучи Милошоски.

Габриела Димковиќ-Мишевска

sobranievlada

Би можело да ве интересира

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието

Горан Наумовски05/03/2026 - 11:45

Шабани e нов заменик-министер за одбрана, а Сулејмани во образование одлучи Собранието

Горан Наумовски04/03/2026 - 14:49

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица

Горан Наумовски25/02/2026 - 20:36

„Зелено светло“ во Собранието за кратење на функционерските плати

Горан Наумовски25/02/2026 - 15:54

Собранието ги усвои измените на Законот за постапување со бесправно изградените објекти

Горан Наумовски19/02/2026 - 14:5019/02/2026 - 14:50

Владината прес-служба тврди: Лажна вест е тврдењето на СДСМ дека семејството на премиерот Мицкоски патувало до Хрватска со владиниот авион

Горан Наумовски19/02/2026 - 12:0119/02/2026 - 13:41
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен