Промената на министри и други функционери до средината на јуни

Од:

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека знае кои лица би ги поставил на местата кои ќе бидат испразнети по најавената „метла “ во Владата и други државни институции, и дека веќе разговара со некои од нив. Очекува првите промени да се случат најдоцна до средината на јуни.

-Веќе разговарам со луѓе особено нови луѓе кои треба да дојдат на позиции кои ќе бидат променети и испразнети. Разговорите течат. Секое слободно време го користам за да разговарам со тие луѓе за да можам да потврдам дека се нафаќаат и прифаќаат да ја работат таа работа, така што верувам дека ќе стигнам не подоцна од крајот на првата половина на јуни, рече Заев одговарајќи на новинарско прашање по пуштањето во употреба на новиот објект на ОУ „Вера Јоциќ“ во Хиподром.

Прашан за неговите советници и како ги избира, Заев одговори – „ги избирам по потреба на државата“. Последните двајца што ги избрал, за кои договорите се привремени и не подолги од една година, се писателот Венко Андоновски и Александар Ружин.

Андоновски е задолжен за постапката за отворање македонски културен центар во Србија, а Ружин работи на неколку проекти и инвестиции од компании од Белгија и Франција и на обезбедување претставништво на полска компанија за оружје како дел од НАТО-агендата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Политиките на Владата даваат резултати

Горан Наумовски

Владата најостро го осудува вандалскиот чин на опожарување на возила со дипломатски статус во близина на Амбасадата на Бугарија

Горан Наумовски

Левица: Хронична некадарност на Владата – уште еден ценовен шок за граѓаните

СДСМ обвинува: Планот на Владата ќе ја турне државата во уште поголем долг

Горан Наумовски

Влада ја продолжи мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати до 15 мај

Горан Наумовски

Владата најави поевтинување на дизелот за 6,5 денари