Филмската продукциска куќа Дизни може да престане со снимање свои филмови на територијата на американската сојузна држава Џорџија, ако таму влезе во сила законот што забранува абортус.
Таму од 1 јануари 2020 година се предвидува да се забранат абортусите по првите шест недели бременост.
Според Роберт Ајгар, шеф на компанијата, ако законот стапи во сила, многу од луѓето со кои соработувале нема да сакаат да работат таму.
– Поради тоа, ние ќе треба да се солидаризираме со нивните барања, изјави шефот на Дизни.
Тој потоа додаде дека не гледа како практично може да продолжат снимањата во Џорџија.
Дизни заедно со Марвел на територијата на Џорџија снимија неколку филмски хитови, како „Црниот пантер“ и „Одмаздници: Завршница“.