Апостолска – Стефансон: Унапредување на трговијата и инвестициите со Шведска

Од:

Министеркaта без ресор задолжена за странски инвестиции Зорица Апостолска денеска оствари работна средба со амбасадорот на Кралството Шведска во Република Северна Македонија, Матс Стефансон.

Нејзиниот Кабинет соопшти дека Апостолска на средбата ги претстави мерките од Планот за економски раст и потенцирајќи ја транспарентноста на Владата во процесот на поддршка на нови инвестиции, појасни дека со законски поставени и јавно достапни критериуми, кои исклучуваат какви било форми на дискрециони преговарања, пред шведските компании се гарантира сигурност во пристапот до финансиски средства доколку одлучат за реализација на инвестициски проекти во Република Северна Македонија.

– Покрај активни мерки за поддршка на нови странски инвестиции, силен импут за зајакнување на стабилноста и предвидливоста на бизнис-климата, како и за зголемување на инвестициската атрактивност, правиме и со посветеноста во евроинтегративните процеси, рече министерката Апостолска.

Амбасадорот Стефансон осврнувајќи се на силната поддршка која Кралството Шведска ја дава на Република Северна Македонија на патот кон ЕУ, истакна дека денешната позитивна препорака на Европската комисија за почеток на преговори ќе даде значаен придонес во унапредувањето на трговските и инвестициските односи помеѓу двете земји, притоа порачувајќи дека одлуката е своевидно „зелено светло“ за пројавување поголем интерес за економскиот амбиент во земјава и од страна на шведската бизнис-заедница.

Би можело да ве интересира

Предложен притвор за предизвикување општа опасност со намерно опожарување на возилата на бугарската амбасада во Скопје

Предраг Петровиќ

До 18 часот евидентирани 14 пожари на отворено од кои активни се пет

ЦУК: Повторно се активира пожарот во близина на КПУ Велес – Превалец

Сиљановска-Давкова: Западен Балкан е понапред од Украина и Молдавија

Мери Младеновска-Ѓорѓиевска, адвокатка и поранешна министерка за правда, одликувана со орден „Витез од редот на Ѕвездата на Италија“

Предраг Петровиќ

Еден активен и еден под контрола меѓу 13 пожари на отворен простор во државата