А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Анѓушев: Никој не може да ги негира фактите за економскиот раст

by А1он29/05/2019 - 15:1929/05/2019 - 15:41274
Share0

Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев очекува од Европската комисија да добиеме исклучително позитивен извештај во делот на економијата, со максимално добри оценки во генералната економска политика, иако, како што вели, има простор каде треба да се делува и да се надминат слабостите.

Добивај вести на вибер

– Не постои држава во која за економијата може да се каже 100 проценти добро. Можеме да зборуваме за генерална атмосфера и политика, која очекувам да биде максимално добро оценета, и нормално да зборуваме за слабости кои ги има во секоја држава и во нашата веројатно повеќе отколку во државите на Европската унија за што и сакаме да бидеме членка. Очекувам да има подобрувања во делот на инспекциите, сивата економија каде што има сериозен простор да се напредува. Има простор каде што треба да се делува, но во делот на генералната економска политика и економскиот раст, како и енергетската политика, никој не може овие факти да ги негира, рече Анѓушев, одговарајќи на новинарски прашања.

Според Анѓушев, во јавноста се создава непотребна и неоснована перцепција и тензија, но има факти што никој не може да ги заобиколи и негира.

– БДП кога оваа Влада ја презеде функцијата беше – 1,8 проценти, а во последниот квартал лани беше 3,7 проценти, што е 5,5 проценти апсолутна разлика. Факт е и дека во 2018 година има 624,25 милиони евра директни странски инвестиции, што никој не може да го негира, како и дека индустриското производство лани порасна седум проценти, а само првиот квартал годинава над осум, дека се вработија над 26.000 лица и дека нето платата порасна над седум проценти. Никој не може да ја негира тековната изградба на над 25 фабрики во Технолошко индустриските развојни зони и надвор од нив. Тоа е факт што со ниту една негативна пи-ар кампања не може да се побие освен некој да се обиде да прави негативни перцепции и вознемирувања на народот, наведе Анѓушев.

eumakedonija

Би можело да ве интересира

Директорот ги „шпионира“ вработените во АХВ со камери, ги демне по цел ден во неговата канцеларија

Предраг Петровиќ08/04/2026 - 13:0808/04/2026 - 13:09

Лишени од слобода седум лица, сузбиена организирана криминална група инволвирана во недозволена трговија со дрога

Предраг Петровиќ07/04/2026 - 20:07

Намалена видливост поради магла на патниот правец Лисец – Попова Шапка, во Крушево и на планинскиот превој Плетвар

Предраг Петровиќ01/04/2026 - 18:17

Филипче праќа писма до ЕУ: Мицкоски остварува руски интереси, ја саботира македонската интеграција

Предраг Петровиќ01/04/2026 - 15:2001/04/2026 - 15:26

ЕУ: Не е јасно каква игра игра Украина

Горан Наумовски31/03/2026 - 21:23

Анкета: Младите Срби сакаат влез на земјата во Европската Унија – повеќето граѓани над 60 години се противат

А1он28/03/2026 - 09:21
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто