Пратениците повеќе сакаат патни трошоци отколку државата да им плаќа станови

Од:

Патните трошоци за пратениците се чини дека се поисплатливи од можноста да добиваат 400 евра за закуп на стан во Скопје. Само 14 пратеници од внатрешноста од користат стан под закуп во Скопје, покажаа податоците кои „А1 он“ ги доби од Собранието.

Најмногу (8) пратеници кои ја користат оваа можност се од ВМРО-ДПМНЕ. Меѓу нив се битолчанките Лилјана Затуроска и Лилјана Кузмановска, велешаните Крсто Јовановски и Илија Димовски, Ане Лашоска од Прилеп, Благица Ласовска од Штип, Магдалена Манаскова од Кочани и Нада Ципушева од Радовиш.

Од владејачката партија можноста за закуп на стан ја користат само тројца пратеници, меѓу кои битолчанецот Александар Кирацоски, Кети Смилеска од Прилеп, Катерина Кузмановска од Струмица и Мери Лазарова од Кавадарци.

Преостанатите двајца пратеници кои ја користат оваа можност се Бранко Манојловски од ДУИ и Горан Милевски од ЛДП. За сите овие 14 пратеници, за периодот од 1 септември 2018 до 1 март 2019 се потрошени 31 илјада евра.

До 5 април овие пратеници потрошиле и вкупно 4.500 евра за режиски трошоци (комуналии, струја). Лилјана Затуроска и Лилјана Кузмановска биле малку поскромни во трошоците. Тие вкупно добиле по приближно 10.000 денари. Кај останатите овие суми се повисоки.

Над половина милион евра лани им биле исплатени за патни трошоци на пратениците во Собранието. Во 2018 година рекордери во добивањето надоместоци за патни трошоци се пратеничките на СДСМ, Бети Рабаџиевска и Мира Стојчевска, како и пратеникот на ПЕИ, Алија Камберовски. Надоместоци за гориво и патарини лани добиле 112 пратеници, односно само на 8 не им бил исплатен овој надоместок.

Пратениците кои живеат на оддалеченост од 100 километри од Собранието од 1 септември лани имаат можност наместо исплата на патни трошоци, да добијат стан во Скопје на трошок на државата до 400 евра месечно.

За оние кои сепак одлучиле да добиваат надоместок за патни трошоци, по јавните критики, пратениците изгласаа измени на законот со кои наместо надоместокот од 30 проценти од продажната цена на еден литар гориво, според изминат километар, тие добиваат надоместок во висина до 20 проценти.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: СДС им пречи што ЈПДП има зголемена наплата за 1,1 милион во јули оваа споредено со минатата година, затоа го напаѓаат Трајановски

СДСМ: За шеф на патарините е назначен човек со бројни злоупотреби зад себе

A1on

Мицкоски: Ги стабилизираме институциите од криминалот на минатата власт, за милион и сто илјади евра повеќе пари од патарините кои порано оделе во приватни џебови

Неколку пратеници од Собранието добиле заканувачка порака

Кои се пратениците со кои ВМРО-ДПМНЕ дојде до парламентарно мнозинство: Со ЗНАМ во Влада ќе се обезбеди и двотретинско

A1on

Број на пратеници: ВМРО-ДПМНЕ 59, ДУИ 19, СДСМ 18, ВЛЕН 13, Левица 6 и ЗНАМ 5

A1on