Бранителот на трофејот во Евролигата, грчки Олимпијакос каде настапува нашиот репрезентативец Перо Антиќ, конечно фати приклучок и со денешната победа моментално се наоѓа на место кое води во плејофот во ова натпреварување.
Вечерва Олимпијакос ја совлада екипата на Каха Лаборал со 82:74 (41:27).
Домаќинот беше далеку подобар противник на оваа средба и го надиграа противникот на секој дел од теренот, па на пауза замина со 41:27, додека во продолжение грците продолжија со добрата игра и на крајот заслужено триумфираа.
Нашиот репрезентативец Перо Антиќ прикажа сосема солидна партија и за нешто помалку од 17 минути поминати на паркетот, реализираше 8 поени, надополнети со 2 скока.
Кај победниците најефикасен беше Лав со 18 поени, додека кај гостите Хеуртел реализираше 16 коша, но не беа доволни да се избегне поразот.