Папата му порача на Трамп: Ѕидот со Мексико е грешка

Од:

Папата Франциск изјави дека е подготвен на американскиот претседател Доналд Трамп лично во лице да му каже дека е погрешно териториите да се бранат со изградба на ѕидови долж границите.

Во интервју за мексиканската телевизија „Телевиса“ емитувано синоќа, папата исто така ги отфрли критиките на ултраконзервативните католици кои го нарекуваат еретик.

– Не знам што е тоа со таа нова култура на одбрана на територии со градење ѕидови. Веќе имавме еден ѕид, оној во Берлин, кој предизвика многу главоболки и многу страдања, рече папата Франциск, кој и претходно јавно се противеше на миграциската политика на Трамп.

– Одвојување на децата од родителите е во спротивност со законите на природата… Не можеш тоа да го правиш. Тоа е сурово. Тоа е една од најголемите суровости. За да се одбрани што ? Територија, или економија, или кој знае што, додаде папата истакнувајќи дека таквата политика многу „растажува“.

Тој нагласи дека е подготвен истото тоа да му го каже и на Трамп во лице и потсети дека и претходно јавно изјавил оти оние кои градат ѕидови на крајот стануваат заробеници на тие исти ѕидови кои самите ги изградиле.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија