Познатиот пијанист Березовски со два концерта во Филхармонија

Од:

Познатиот руски пијанист Борис Березовски денеска и утре ќе настапи во Филхармонијата. Виртуозот на пијаното, кој е меѓу најбараните современи солисти, вечер од 20 часот во камерната сала ќе има рецитал со изведба на дела од Шуман, Балакирјев и Григ.

Заедно со него ќе настапат и македонски уметници – виолинистите Ана Кондратенко и Владимир Костов, Бојан Талески – виола и Александар Котевски – виолончело.

Березовски ќе настапи и утревечер од 20 часот како солист со Филхармонијата на симфонискиот концерт насловен „Кодот на Березовски“. Ќе изведе два концерта за пијано и оркестар едноподруго, кога ќе биде и самиот диригент – Концерт за пијано и оркестар бр. 1 од Сергеј Прокофјев и Концерт за пијано и оркестар бр. 2 од Дмитриј Шостакович. На втората концертна вечер Березовски ќе ја изведе и Симфонија бр. 2 од Александар Бородин, под водство на младиот диригент со меѓународна кариера Виктор Митревски.

– Музичката критика е едногласна во мислењето дека Борис Березовски (1969) во моментов е еден од најмоќните пијанисти кој поседува уникатна техника и сензитивност, кој има специфичен пристап кон пијаното и воопшто кон музиката што ја изведува, наведува Филхармоинијата.

Студиите ги завршил на Конзерваториумот „Чајковски“ во класата на проф. Елисо Вирсаладзе, а приватно се усовршувал со Александар Сац. По неговото деби во лондонскиот „Вигмор хол“ во 1988 година, реномираниот весник „Тајмс“ го опишал Березовски како „уметник со исклучително ветување и пијанист со занемувачка виртуозност“.

Има настапувано со врвни оркестри, меѓу кои и со Њујоршката филхармонија, оркестарот „Филхармонија“ од Лондон, Ротердамската филхармонија, настапува редовно на пијано-сериите на Берлинската филхармонија и на амстердамскиот „Концертгебау“ и „Ројал фестивал хол“ во Лондон… Соработувал со истакнати музичари, како Џулијан Рахлин, Мајкл Колинс, Ралф Киршбаум, Борис Пергаменшиков и има голем број аудиозаписи со изведба на дела од Шопен, Шуман, Рахмањинов, Балакирев, Равел…

Би можело да ве интересира

Директорката на Филхармонија е разрешена затоа што несовесно ракува со државна институција и со државни пари, вели министерката за култура

Горан Наумовски

Вработените во Филхармонија протестираа пред Владата

„Животот е убав“ – концерт на Филхармонијата во Градскиот парк

Ана Ололовска

Оркестарот на Филхармонија на 7. Меѓународен фестивал „Музички Едикт“ во Ниш

Ана Ололовска

Оркестарот на Филхармонија гостува во Ниш

Ана Ололовска

Нов протест на филхармоничарите пред Министерството за култура

Ана Ололовска