Александар Милојевиќ ќе суди на ЕП 2013

Од:

ФИБА Европа го соопшти делегирањето за Евробаскетот кој во 2013 година ќе се одржи во Словенија, а меѓу 40-те судии кои ќе ја делат правдата на континенталниот шампионат, се наоѓа и македонскиот кошаркарски судија, Александар Милојевиќ.

За Александар Милојевиќ, кој веќе четири години по ред е избиран и за најдобар судија во нашата земја, овој Евробаскет ќе биде трет по ред, откако судеше и на шампионатите во Полска во 2009 и Литванија 2011 година. На последното Европско Првенство во 2011 година, Милојевиќ по успешно минатата прва фаза, судеше и во втората групна фаза на шампионатот.

„Секако дека сум пресреќен со оваа номинација“- вели кратко Александар Милојевиќ и додаде:

„Сметам дека за овој мој успех големо влијание има и одличниот пласман на нашата репрезентација на последниот Евробаскет. Се надевам дека ќе ја оправдам довербата и посакувам заедно со репрезентацијата да останеме и до самото финале во Словенија“

Александар Милојевиќ покрај на сениорските, редовно со години наназад е номиниран и на младинските Европски првенства под организација на ФИБА Европа. Што се однесува до меѓународните натпревари на клупско ниво, правдата ја дели на дуелите од Евролигата, Еврокупот, АБА лигата, а има судено и на Фајнл Фор турнирот на Еврочелинч Купот.

Би можело да ве интересира

Кошаркарите на Партизан поразени од Барселона

Кошаркарите на Партизан поразени од Фенербахче во седмото коло од Евролигата

„Во последните осум години тој е најдобриот тренер во Европа“

Предраг Петровиќ

Европскиот првак го напаѓа Фенербахче без тројца играчи

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ