Почнаа најавите за можни коалиции по Евроизборите

Од:

На изборите за Европскиот парламент Европска народна партија (ЕПП) освои најголем број мандати – 179, но за да биде дел од владејачкото мнозинство мора да влезе во коалиција со некоја друга партија која освоила доволен број места.

Засега не се знае дали ќе коалицира со второпласираната група на Социјалисти и Демократи (СД), со оглед на тоа што нејзиниот лидер Удо Булман рече дека конзервативната ЕПП ја загуби политичката моќ на вчерашните избори, дека не може да бара како свое право да биде во мнозинство кое ќе одлучува за тоа кој ќе биде новиот претседател на Комисијата.

Булман најави создавање нови коалиции во Европскиот парламент кои ќе се залагаат за реформи и подобрување на условите за живот и работа за „мнозинството, а не само за некои“ во Европа.

– Ќе работиме на формирање прогресивна социјална алијанса која би го поддржала кандидатот на социјалдемократите Франс Тимерманс за претседател на Европската комисија, рече Булман.

Нова коалиција најави и лидерот на италијанската Северна лига Матео Салвини кој рече дека е во контакт со Марин ле Пен и Најџел Фараџ и оти ќе се обиде да оформи коалиција со него, а доколку успее во тоа, оваа ултрадесничарска коалиција би имала 150 пратеници.

Освен ЕПП и СД, во ЕП влегоа Европската обединета левица / Зелена нордиска левица (ГУЕ со 38 места), Европски зелени / Европска слободна алијанса (70), Алијанса на европски либерали и демократи (АЛДЕ, 107), Европа на народите и слободата (ЕНФ, 58), Европа на слобода и директна демократија (ЕФДД, 56) и Европски конзервативци и реформисти (ЕЦР, 58).

Поделбата на мандатите покажува дека најмногу пратенички места изгубила ЕПП (42), додека најмногу добиле Либералите (40), а првите резултати покажаа дека двете најголеми партии ги задржале своите позиции, но со значителна загуба на мандати во однос на претходниот состав на Парламентот.

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Грузиската Централна изборна комисија ги објави конечните изборни резултати, опозицијата продолжува со протестите

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Граѓаните не сакаат предвремени парламентарни избори, вели Мицкоски