Бенон: Европските интеграции се „мртви“

Од:

Поранешниот стратег на Белата куќа, Стив Бенон изјави дека откако на изборите за ЕП во Италија, Франција и Британија победиле националистичките и популистичките партии, европските интеграции се „мртви“.

Бенон смета дека резултатите од изборите покажуваат оти европскиот центар е урнат и дека традиционалната десна и лева ориентација во политиката е заменета со битка на националистичките против глобалистичките сили.

– Народот ги враќа своите земји и тоа е само почеток, истакна Бенон.

Според него, „супергрупата“ на евроскептични партии ќе го блокира секој обид за продлабочување на интеграциите меѓу земјите членки на ЕУ.

– Секој ден ќе биде како битка за Сталинград, заклучи поранешниот стратег на Белата куќа.

Би можело да ве интересира

Лавров: Ефектот на „вакцината“ против нацистичкиот „вирус“ на Запад е значително ослабен

Аракчи најави можност за почеток на преговори меѓу Иран и Европа

Трамп: Европа ќе плати висока цена за недоволниот увоз на производи од САД

ВМРО-ДПМНЕ: СДС на патот на Македонија кон Брисел испорача само селфи и лаги

Едно од најголемите вселенски летала на НАСА тргнува на патување од 2,9 милијарди километри

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Во Европа беснеат поплави: Во Романија има мртви, во Чешка евакуирани стотина граѓани