Државниот просветен инспекторат и министерот за образование, Панче Кралев, најавуваа строги казни и санкционирање на училиштата во Чаир кои незаконски поставија табли на албански дејци во замена на постоечките со имиња на македонски револуционери, до сега ништо од тоа не е извршено, пишува Плусинфо.
Незаконски поставените табли во пет училишта се се уште на своето место, а надлежните одбиваат да се навраќаат на таа тема. Според заменик министерот за образование, Сафет Незири, важно е овие училишта да функционриаат нормално и непречено да ги извршуваат своите образовни активности, додека кршењето на законите со самоиницијативното менување на статутот на училиштата, за заменик-министерот, не е тема од доволно значаен интерес.
Работиме на тоа воспитно-образовниот процес во споменатите училишта да се одвива нормално. Суштинскиот проблем е решен, имаме нормално воспитно образовен процес. Сконцентрирани сме на тоа да нема проблем во делот на образование и едукација на учениците, предавањата да се одвиваат според сите прописи и стандарди предвидени со законите. Имаме нормален тек на воспитно образовниот процес во сите училишта во земјава и тоа е најважно – изјави денеска Незири при промовирањето на програмата за мултукултурализам во основните и средните училишта во земјава.