Манифестацијата Златна бубамара започна со транспарент „Уааа“ со која се потенцираа актуелните протести.
И овој пат, како и во изминативе неколку години, водител беше популарниот актер Сашко Коцев кој во своето сценарио не поштеди никого. Со сообраќајни знаци на сцената, симболизирајќи отпор, и со многу смеа и награди се одржа и овогодинешнава Златна бубамара под мотото „Мелем за душа“.
Главна ѕвезда на вечерта на бубамарите беше индискиот магнат Субрата Рој, кому Коцев му отпеа песна, а главниот рефрен беше: „Субрата Рој, јој, јој, брате мој“, а која наиде на големи овации кај публиката. Сашко Коцев направи „осврт“ и на спомениците на проектот „Скопје 2014“, објаснувајќи која скулптура каде би требало да стои.