Директорот на Студентскиот дом: Во „Сениќ“ е приклучено снабдувањето со електрична енергија

Од:

Директорот на Домот „Томе Стефановски Сениќ“ Лулзим Џемаили, денеска преку соопштение ги демантира обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека во објектот се уште не е приклучено снабдувањето со електрична енергија.

-Сакам само транспарентно да се информира јавноста дека на Домот „Томе Стефановски Сениќ“ на 22.05.2019 во 14 часот му беше прекинато снабдувањето со електрична енергија заради неплатен долг. Приклучени бевме вчера на ден 25.05.2019 во 19 часот. Демантирам информации дека во Домот уште не е приклучено снабдувањето со електрична енергија, стои во реакцијата од Џамаили.

За сите дополнителни прашања тој најавува средба со медиумите утре во просториите на Домот во 11 часот.

Би можело да ве интересира

Лани 65,5 отсто од потребната енергија во земјава била обезбедена од увоз

ЕДС со нова промотивна понуда за секој обновен или нов договор за снабдување со електрична енергија

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата за петок 3.10.2025 изнесува 95,10 евра за мегават час, на МЕМО 105,21 евра за мегават час

Неколку скопски општини без струја

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за петок 5.9.2025 изнесува 110,76 евра за мегават час, на МЕМО 88,22 евра за мегават час

Електродистрибуција: Чекаме одобрение од противпожарната бригада за да пуштиме струја