Словенските натпреварувачи Јуре и Јања Облак кои се татко и ќерка се победници на првото издание на Планинарска трка Охрид треил која вчера се одржа низ падините на планината Галичица и градот Охрид.
Делницата од 60 километри Јуре Облак ја помина за 7 часа, 38 минути и 22 секунди, додека Јања финишираше за 9 часа, 55 минути и 21 секунда. Второпласиран во машка конкуренција заврши Дарин Марквард со време (7.39.52), а трет низ целта помина македонскиот учесник Никола Илиевски со време (8.26.49). Второто место во женска конкуренција и припадна на Сања Најдовски од Македонија со време (9.59.14), а на третото место од пиедесталот се искачи Десислава Цветанова од Бугарија која патеката од 60 километри ја помина за 10.06.45. Трката на 60 километри ја започнаа 49 натпреварувачи, а завршија 41.
Во склоп на Охрид треил се одржа и мала трка на 35 километри. Во машките најдобар беше Марјан Бонев од Македонија кој патеката ја помина за 3 часа, 59 минути и 42 секунди, а помеѓу женските најдобра беше Антонија Бежовска од Македонија со време (5.21.19). На 35 километарската трка на стартот се појавија 81 натпреварувач, а завршија 77.
Пласман:
Машки 60км
1.Јуре Облак (Словенија) – 7 часа, 38 минути и 22 секунди
2.Дарин Марквард (САД) – 7.39.52
3.Никола Илиевски (Македонија) – 8.26.49
Женски 60км
1.Јања Облак (Словенија) – 9.55.21
2.Сања Најдовски (Македонија) – 9.59.14
3.Десислава Цветанова (Бугарија) – 10.06.45
Машки 35км
1.Марјан Бонев (Македонија) 3.59.42
2.Димитар Михаилов Миовски (Македонија) 4.06.28
3.Иван Пешовски (Македонија) 4.13.45
Женски 35км
1.Антонија Брежовска (Македонија) 5.21.19
2.Ана Милосављевиќ (Србија) 6.01.20
3.Катерина Николовска (Македонија) 6.02.12