Протестот во Тирана минува мирно, Баша порача дека за заминувањето на Рама нема преговори

Од:

Каузата на обединетата опозиција е заминувањето на Еди Рама и формирање преодна влада.Тоа се два услова за кои нема преговори. Избори на 30 јуни без опозиција нема да има,ова е главната поента од обраќањето на лидерот на Демократската партија,Љуљзим Баша на вечерашниот голем протест на обединетата опозиција пред Владата во Тирана.

Тој го обвини премиерот Еди Рама дека со намерата да оди на избори без опозиција ја „носи земјата право во цивилен конфликт“.

-Рама жртвува се за една единствена цел, неговата власт. Поради оваа прчина сака да ја однесе земјата кон неизбежен граѓански конфликт.Но, нека знае дека никогаш нема да ги скара ниту опозицијата а ниту Албанците,порача Баша.

Тој го развеа германското знаме,што според политичките аналитичари значи дека и верува само на Германија во напорите за решавање на политичката криза во Албанија.

Споредено со претходните, овој шести, како што го нарекуваат „национален протест“ иако со голема масовност поминува мирно со извикување „Рама од си“„Албанија како цела Европа“.

Протестантите пуштија најмалку 500 поголеми балони на кои беше напишано „Рама од си“.

По барање на Баша учесниците со запалени мобилни телефони продолжија кон зградата на Парлементот, по што според најавите ќе заминат пред седиштето на Демократската партија,каде вообичаено со обраќањето на Баша и пеењето на албанската национална химна треба да заврши протестот.

Би можело да ве интересира

Меѓународниот ден на трудот одбележан со првомајски протест и барања упатени до новата влада

А1он

Трендафилов: Сакаат да го конфискуваат Работничкиот дом за да го уништат синдикалното движење

А1он

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Првомајскиот протест ќе биде со барања упатени до новата влада

А1он

Македонците, заедно со Власите, Ромите и Египќаните бараат гарантирани пратенички места во албанскиот парламент

Претседателскиот кандидат Џил Стајн е уапсена на протест против војната во Газа