Иран негира нигериски тврдења дека обучувал луѓе уапсени во Нигерија под обвинение дека планирале напади врз американски и израелски цели.
Според иранскиот заменик министер за надворешни работи Хосеин Амир Абдолахиан тие тврдења се „измислени како резултат на непријателите на добрите доноси меѓу двете држави“.
– Иран и Нигерија имаат пријателски и блиски односи и покрај огромните напори на непријателите на двете држави и во изминатите години односите и соработката постојано се подобруваат, изјави тој.
Нигериските власти соопштија вчера дека во декември го уапсиле Абдулахи Мустафа Беренде и уште двајца Нигеријци откако Беренде имал сомнителни патувања до Иран и учествувал со Иранци во „терористичка мрежа“.