Владата на американскиот претседател Доналд Трамп планира да го заобиколи Конгресот за да продаде оружје вредно седум милијарди долари на Саудиска Арабија.
Владата може да донесе одлука уште денеска и да се повика на националната безбедност за да избегне истрага за зделката од Конгресот, објавија анонимни извори цитирани од американски медиуми.
Во американскиот Конгрес, се засилува отпорот против продажба на оружје за Ријад.
Продажби на оружје во вредност од околу две милијарди долари се блокирани повеќе од една година поради стравувањата за жртви меѓу цивили од операцијата на Саудиска Арабија во Јемен и поради убиството на новинарот Џамал Кашоги.