Во Подгорица прва заедничка седница на владите на Северна Македонија и Црна Гора

Од:

Владите на Северна Македонија и на Црна Гора, денеска во Подгорица ќе ја одржат првата заедничка меѓувладина седница. Делегацијата од нашата земја ја предводи премиерот Зоран Заев, а официјалната посета е на покана на неговиот црногорски колега Душко Марковиќ.

Како што соопштија од владината прес-служба, во владината делегација се и Радмила Шекеринска Јанковска, заменик на претседателот на Владата и министер за одбрана, Оливер Спасовски заменик на претседателот на Владата и министер за внатрешни работи, Кочо Анѓушев заменик на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Љупчо Николовски министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Венко Филипче министер за здравство, Горан Сугарески министер за транспорт и врски, Садула Дураки министер за животна средина и просторно планирање и Андреј Жерновски заменик министер за надворешни работи.

На седницата се очекува да бидат разгледани повеќе информации од интерес за двете земји за развивање и продлабочување на идната соработка, а ќе бидат потпишани повеќе договори и меморандуми за соработка од областа на внатрешните работи, заштитата на животната средина и здравството.

Со средбата со Марковиќ, Заев вчера ја почна дводневната официјална посета на Црна Гора, откако претходно со заменик-министерот за надворешни работи Андреј Жерновски беа пречекани со церемонија со највисоки државни почести од премиерот Марковиќ.

– Заев го запозна црногорскиот премиер со актуелната политичка ситуација во Република Северна Македонија, која со успешно спроведените избори за претседател на државата и со темпото на реформските процеси, со право го очекува одобрувањето на стартот отворањето на преговорите по поглавја од Европската Комисија, соопшти прес-службата на Владата на РСМ.

Премиерот Заев оствари средби и со претседателот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ и со претседателот на Собранието Иван Брајовиќ

За денеска освен заедничка седница, предвиден е и Бизнис форум во организација на стопанските комори на двете држави, што ќе го отворат двајцата премиери и претседателите на коморите Властимир Голубовиќ и Бранко Азески.

За време на дводневната официјална посета на Црна Гора, заедно со владината делегација престојува и поголема делегација стопанственици, членови на стопанските комори на Република Северна Македонија, кои заедно со своите колеги од Црна Гора ќе се сретнат и ќе разговараат за соработка во рамките на Бизнис форумот што го организираат двете земји.

Би можело да ве интересира

Владината прес-служба тврди: Лажна вест е тврдењето на СДСМ дека семејството на премиерот Мицкоски патувало до Хрватска со владиниот авион

Горан Наумовски

Владата ги утврди новите амбасадори – Муртезани заминува во НАТО, Ефремов во Софија

Авионот се користи според прописите, опозицијата шири сензационализам – реакција на Владата

Катерина Ѓуровски

Последна блокада на ССМ пред Владата во барање за зголемување на платите

Горан Наумовски

Курти го претстави составот на новата косовска влада, Ненад Рашиќ е предложен и за министер

Деановски и Ралповски: Постигнат e договор со Владата за унапредување на правата на административците

Горан Наумовски