Кумановските стечајци најавија дека во понеделник неколку часа ќе го блокираат излезот кон Скопје, затоа што се незадоволни од односот на власта кон нивниот проблем .
Претседателката УНИТ, Лилјана Ѓоргиевска истакна дека бројот на стечајците се зголемил за стотина нови членови и дека во понеделник истовремено ќе се одржат протести и во останатите градови во Македонија.
-Сите стечајни работници ќе протестираат во своите градови, бидејќи немаме пари да платиме автобус да одиме во Скопје и да го изразиме нашиот револт. Ќе протестираме затоа што секој се бори за фотелја, а ние сме на улица.
– Единствена причина е дека си ги бараме нашите права и нема да се откажеме. Јас мислам дека треба да се затвори ова горчливо прашање на стечајни работници и технолошки вишок затоа што тие своевремено придонесуваа, ја градеа државата и сега во никакви години со стаж зад себе, да останат на улица нема логика. Имаме нови членови стечајци, и се надеваме дека со масовноста ќе успееме – изјави претседателката Ѓоргиевска.
Eлена Георгиевска