Тројца загинати во невремето во САД

Од:

Најмалку три лица загинаа, а повеќемина други се повредени, при налет на силно торнадо во главниот град на американската сојузна држава Мисури, Џеферсон Сити.

Локалните власти соопштија дека Џеферсон Сити бил погоден од „насилно торнадо“, што предизвикало големи материјални штети, додавајќи дека многу луѓе останале заробени под урнатините на нивните домови.

Торнада биле регистрирани и во градовите Џоплин и Карл Џанкшан во Мисури, но според тамошните локални власти, нема сознанија за загинати, туку само за предизвикана значителна материјална штета.

Би можело да ве интересира

Кина издаде предупредување за ризик за туристите кои патуваат во САД

Горан Наумовски

САД воведоа нови санкции кон Иран

Канада возврати на царините на Трамп

ЕУ го воведе првиот сет на царини за увоз од САД

Горан Наумовски

За се виновни се САД: Работа е запрена, отпуштањата се неизбежни

Иран го отфрли директниот дијалог со САД: Не ја гледаме поентата