Шпанскиот тенисер Рафаел Надал кој последниве седум месеци се бори со повредите на колената верува дека е на добар пат до целосно заздравување.
– Би ги менувал сите освоени трофеи за здраво колено. Се надевам дека сум на прав пат кон целосна рехабилитација и дека за неколку недели ќе можам да играм без болки, изјави Надал.
Шпанецот по подолгата пауза се врати на терените и успеа да победи на турнирот во Сао Паоло, како и да игра во финалето на турнирот во Вини дел Маре.
Сепак, свесен е дека уште е далеку од посакуваната форма.
– За победи против Ѓоковиќ, Федерер или Мареј на тврда подлога не сум сигурен дека сум подготвен, но никогаш не се знае. Мислев дека ја немам посакуваната форма ни пред турнирот во Бразил па го освоив.
Надал моментно е на петтото место на АТП рејтинг листата.