Телефонски разговор Вестервеле-Груевски

Од:

Пред денешната посета на Македонија, премиерот Никола Груевки вчера телефонски разговарал со германскиот министер Гвидо Вестервеле, пред неговата посета на земјава, објави „Дневник“.

Опфатени биле повеќе теми од заеднички интерес, меѓу кои и предизвиците со кои се соочува Република Македонија, во контекст на европските и евроатлантски интеграции.

„Премиерот Груевски изразувајќи голема благодарност за поддршката која Германија ѝ ја дава на земјава во повеќе сфери, а посебно во европските и евроатлантски интеграции и во реформскиот процес кој го спроведуваме, ја истакна и својата подготвеност да продолжи со остварувањето на нашите стратешки определби, и оддржувањето стабилна реформска агенда на државата на принципиелни основи “, изјави владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев за „Дневник“.

Денеска Вестервеле е во Македонија и ќе оствари средби со државниот врв.

Би можело да ве интересира

Премиерот на Украина: Војната оваа година нè чини 155 милијарди долари

А1он

Членот на обезбедувањето на премиерот доби условна казна за тепањето на сопругата

А1он

Избрана нова влада во Приштина, Курти е премиер по трет пат

Поранешниот премиер на Украина, Микола Азаров осуден на 15 години затвор за велепредавство

А1он

Лекорни ја избра својата нова „екипа“

Францускиот премиер поднесе оставка