Купувањето злато од Русија е „лош знак” за светскиот мир

Од:

Во првиот квартал од 2019 година, купувањето злато од Русија достигна рекордно ниво, и тоа е „лош знак” за светскиот мир. Тоа го објави британскиот весник „Дејли експрес“, цитирајќи го шефот на меѓународната брокерска компанија „БулионВоулт“, Адријан Еш.

Весникот наведува дека во првиот квартал од 2019 година Русија ги зголемила резервите на злато за 145,5 тони, што е за 68 проценти повеќе од истиот период во 2018 година.

Од Светскиот совет за злато (WGC) претходно беше наведено, за купување на 55,3 тони во првите три месеци од оваа година на Москва, со што вкупните резерви се 2168 тони.

Според „Дејли Експрес”, Москва акумулира злато и девизни резерви во исто време со намалување на инвестиции во американските хартии од вредност и исто така се обидува да ја намали зависноста од американскиот долар. На тој начин, Русија се обидува да се одбрани од можната криза на светската економија.

-Големите купувања злато од страна на владите и централните банки ретко е добар знак за светскиот мир и соработка, вели Адријан Еш.

Русија и натаму останува петта во светот со вкупен обем на злато и девизни резерви, а самиот благороден метал е помалку од 20 отсто од вкупните девизни резерви.

Би можело да ве интересира

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Русија: Сите боеви глави на ракетата „Орешник“ стигнаа до целта

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Таен прекин на летовите во дел од Русија

Медведев за лансирањето на „Орешник“ во Украина: Добивте тоа што побаравте

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот