А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Жбогар најави нов проект „Чисто, како дома исто“

by А1он22/05/2019 - 17:21185
Share0

Амбасадорот на Европската Унија, Самуел Жбогар и раководителот на Одделот за соработка во Делегацијата на ЕУ, Никола Бертолини денеска престојуваа во Виница како дел од караванот „ЕУ за тебе“.

Добивај вести на вибер

За време на посетата, амбасадорот Жбогар учествуваше на дебата со ученици од средните училишта за „Визијата на младите за Европската Унија“, а потоа се придружи на велосипедското родео, што како спортско-рекреативна активност ја организираа младите.

– Со учениците имавме одлична и многу интересна дискусија, а можам да кажам дека охрабрувачки е колку мудри млади луѓе има овде, колку тие се посветени на својот град и својата земја, визијата кон иднина и подобрувањето на состојбата во државата. Една од темите за кои разговаравме беше животната средина и токму од овде имам чест да најавам дека следната недела почнуваме со нов проект „Чисто, како дома исто“ со кој сакаме да ја подигнеме свеста кај граѓаните за важноста од чистата околина. Сметаме дека токму младите ќе бидат оние кои ќе го прифатат овој активизам и ќе се залагаат за одржување на животната средина, истакна евроамбасадорот Жбогар.

На работилницата со граѓаните, граѓанските организации и бизнис секторот од Виница и регионот, Никола Бертолини од Одделот за соработка во Делегацијата на ЕУ ги претстави фондовите што им стојат на располагање, при што даде насоки за нивна подобра употреба. Пртиоа, тој истакна дека се работи за корисни средби преку кои Унијата се доближува до општините и ги согледува нивните вистински потреби.

Градоначалникот на Виница, Ивица Димитров го запозна Жбогар со проектите што досега се реализирани во општината, а за кои финансиска поддршка била обезбедена од европските фондови. Исто така, се разговараше и за новите инвестирања, пред сè во инфраструктурата и образованието, и можноста соработката со ЕУ да продолжи и во тој правец.

eumakedonija

Би можело да ве интересира

Обвинителството ќе бара притвор за 12 осомничени во случајот со дерматолозите, а за петмина мерки за претпазливост

Предраг Петровиќ24/04/2026 - 19:25

Успешно оперирано новороденче со ретка и тешка вродена срцева маана

Предраг Петровиќ24/04/2026 - 17:1424/04/2026 - 17:17

Во угостителски објект во Аеродром сексуално вознемирување на десетгодишно дете

Предраг Петровиќ24/04/2026 - 16:4124/04/2026 - 16:42

Лишени од слобода 14 лица, дел од нив се лекари на скопските клиники

Предраг Петровиќ24/04/2026 - 16:0424/04/2026 - 16:05

Герапетритис: ЕУ би можела да добие нова членка во 2027 година

Горан Наумовски23/04/2026 - 21:40

ЕУ го усвои 20-тиот пакет санкции против Русија, насочени кон енергетиката, финансиите и трговијата

Горан Наумовски23/04/2026 - 17:32
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто